петок, 29 март 2024

Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените области

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план кој го предлага Украина е бесмислен бидејќи се темели на неприфатливи идеи како повлекување на руските сили од териториите кои ги држат под контрола.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лавров во интервју за московскиот дневник Известија кажа дека мировниот самит кој го предлага Украина нема да успее додека не се сменат неговите основни поставки, вклучувајќи го и тоа да биде дозволено учество на Русија.

„Ние во секој случај сме спремни да водиме разговори, но не врз основа на „формулата за мир“ на Зеленски“, порача Лавров. Праша и како може кој било сериозен политичар во Вашингтон, Брисел, Лондон, Париз или Берлин „да може да каже дека нема алтернатива за формулата на Зеленски“.

Лавров како неприфатлив го отфрли мировниот план на Киев, во кој меѓу другото се повикува Русија на повлекување од териториите кои ги анектираше, вклучувајќи го Крим.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски отфрла секаква можност за преговори со Москва на која било друга основа освен неговиот мировен план, пренесува Ројтерс.

Лавров кажа дека се сретнал со функционери и дипломати од Швајцарија кои го уверувале дека мировниот самит, чиј домаќин ќе биде Берн, ќе ја вклучува и Русија „под реални услови“.

„Швајцарските функционери наводно му кажале на Лавров дека тоа не може да се реши без Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ