Основен кривичен суд

Рочиштата за „Рекет“ се одложуваат за следната недела

Основниот суд Скопје 1 информира дека рочиштето за предметот „Рекет", кое беше закажано за утре и задутре, се одлага.

„Поради интерес на медиумите и набљудувачите од невладините и меѓународните организации што го следат судењето за случајот „Рекет“, ја информираме јавноста дека по барање на јавниот обвинител, продолжението на главната расправа насрочено за 19 и 20 мај 2020 година се одлага", соопшти судот. 

Следните закажани термини се на 25 и 26 мај 2020 година во 10 часот за што веќе се известени и странките во постапката.

 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе