Обвинителите уверуваат дека постапките не се доведени во прашања

Ристовска: Дејствата на поединци не ги карактеризираат дејствата на СЈО

Во име на сите обвинители кои стојат зад мене и во име на целиот истражителски тим, сакам да ве уверам дека наш примарен интерес е зачувувањето на интегритетот на СЈО и дека секогаш сме постапувале согласно законските прописи и да бидеме на ниво на задачата и ќе продолжиме да го истражуваме криминалот, изјави денес обвинителката од СЈО, Ленче Ристовска. Во изјава за медиумите Ристовска рече дека СЈО стои зад целата работа која ја завршиле, како и зад тоа дека сите судски постпаки кои се започнати да бидат завршени со пресуди. Ниту во едните, ниту во другите не беше спомената Катица Јанева. 

„Стоиме за работата што сме ја завршиле, Сите постапки за кои имаме судења не се доведени во прашања и нашите постапувања се во рамки на законските прописи. Ве информирам дека внимателно следиме сѐ и изразуваме голема загриженост. Апелираме да се почитува начелото на презумпција на невиност и се приклучувам на повикот на државниот јавен обвинител секое лице да пријави сѐ што има и сакам да потенцирам дека сме отворени за соработка со колегите и за сѐ што имаме како информација, тука сме за да им помогнеме на колегите од организиран криминал. Потенцирам дека сите можни сомневања на кои работи ова обвинителство, не смеат да ги доведат во прашање постапките. Верувам дека ќе има и уште осудителни пресуди", изјави Ристовска.

Таа појасни дека е тука во нејзино име и во име на СЈО и го почитува начелото на презумпција на невиност.

„Нема информации дека специјалната обвинителка не е опфатена со таа истрага. Ја бараме довербата од граѓаните и дејствата на поединци не ги карактеризираат дејствата на сите нас кои работиме со висок професионален интегритет. Апелираме да се расчистат сите случувања за да може и натаму СЈО професионално да продолжи да работи", додаде Ристовска.

На прашањето како ќе се одрази последниот случај на СЈО пред лидерската средба, Ристовска вели дека се надеваат дека целата работа која СЈО ја заврши и стандардите кои ги постави ќе биде примарниот мотив кога се одлучува за судбината на институцијата.

„Се оградуваме од сите политички контексти во кои можеме да бидеме вклучени во тие преговори и дека интересите на државата ќе се стават над дневно-политичките интереси“, изјави Ристовска.

Таа кажа дека во СЈО не биле претходно информирани за оставката и за намерите на Јанева и дека тоа им било соопштено во исто време кога било изнесено во јавноста.

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе