Ристоска: СЈО сѐ уште постои, сѐ уште функционираме

„Специјалното јавно обвинителство сѐ уште постои, сѐ уште функционираме. Според законот за СЈО до септември 2020“, изјави денеска обвинителката од СЈО Ленче Ристоска пред судското рочиште за случајот „Талир“.

„Верувам дека ќе најдат начин. Јас сѐ уште не губам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решение“, рече Ристоска, додавајќи дека многупати досега укажувале на важноста од носењето на законот за јавното обвинителство.

Таа најави дека во текот на денот, СЈО ќе излезе со официјално соопштение за содржината на дописот од јавниот обвинител и за сето она што треба да го соопштат како информација.

„Во овој момент не би можела ништо да ви соопштам. Последните консултации со колегите ќе ги направиме денеска и ќе објавиме официјален став на Обвинителството“, рече Ристоска.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе