По повеќе од два часа распит кај Русковска

Ременски: Бев повикана како лице од кое се бараа известувања во врска со „Рекет“

По речиси повеќе од два часа во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, пратеничката Фросина Ременски излезе од просториите и во изјава за медиумите појасни дека била повикана како лице од кое се земаат одредени известувања да даде одговор за се што е поврзано со случајот „Рекет" како и со Меѓународниот сојуз.

„Сите прашања поврзани со Меѓународниот сојузи и облигационите односи што ги има со лица и фирми, јас немам лично присуство, во контекст на она што беше побарано да го дадам како одговор на одредени прашања јас го одговорив. Убаво е да се интересирате за одредени случаи, но сепак останатите прашања ќе ги оставам на надлежните органи. Ќе се воздржам од коментари дали мојата функцијата била злоупотребена или не", изјави Ременски по излегувањето од распитот во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Во врска со тоа дали знаела за зделките и каде одат парите од Меѓународниот сојуз, Ременски повтори дека и во време кога опозицијата го споменувала нејзиното име таа јасно стоела на став дека случајот треба да се истражи и дека околу тоа нема ништо против.

„Јас квалификации за тоа што правел меѓународниот сојуз ќе ги оставам на надлежните органи, по прашање на гриза на совест е индивидуална категорија на секој поединец и сите ние имаме одговорност и ситуации кога и другаруваме и сме во роднинска врска со луѓе кои сториле или не сториле нешто. Но, тоа не значи дека треба да имаме грижа на совест", додаде пратеничката во изјавата.

Во врска со тоа дека постојат фотографии со неа и Боки 13 таа појасни дека не значи дека сите кои се фотографирале со него се инволвирани во „Рекет".

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе