Случај „Меѓународен сојуз“

Ременски бара изземање на обвинителката Русковска

Третообвинетата во случајот „Меѓународен сојуз“ Фросина Ременски пред Кривичниот суд изјави дека поднела барање за изземање на обвинителката Вилма Русковска.

„Барањето за изземање на обвинителката Вилма Русковска го поднесов затоа што во сите фази од процесот до денес основано се сомневаме и имаме докази дека постои селективност во постапувањето на обвинителката преку кршење на процесните права на одбраната во однос на мене, но и во делот на попречување на правдата“, рече Ременски.

Таа кажа дека постоеле изјави за изнудување на исказ, признание против други обвинети, а Русковска раководела и со издавање на, како што рече Ременски, наредби за незаконски претреси во нејзиниот дом.  

Обвинувајќи ја Русковска за селективност и пристрасност, ремнски кажа дека ичекува јавниот обвинител да ги разгледа аргументите во барањето и да одлучи за изземање на обвинителката зашто со „кршење и рушење на процесните права и правила може да влијае на целокупниот судски исход“.

„Немам голема верба во позитивното одлучување по ова мое барање зашто Јавното обвинителство во многу случаи пријавени од мене нема исход од целокупните пријави, но тоа ќе зборува за другата компонента на целиот случај кој е пропагандно претставен, а сега во кампања се користат сите елементи за да се профитира со некаква правда и неселективност на институциите“, додаде таа. 

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе