Ректорот на УКИМ земал плата од две места, ДКСК бара кривична одговорност

Никола Јанкуловски земал една плата од Клиниката за дигестивна хирургија и една како ректор на УКИМ. Ова денеска го утврди Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Ректорот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје по изборот како ректор, не го ставил во мирување своето работно место на клиниката, што било законска обврска.

Членовите на ДКСК предложија да се побара кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и од директорот на универзитетската Клиника за дигестивна хирургија во Скопје, Зоран Караџов.

Кривична одговорност има и Јанкуловски затоа што требало да го достави барање до Клиничкиот центар, но тој тоа не го направил и се стекнал со материјална корист.

„ДКСК предлага универзитетската Клиника за дигестивна хирургија во Скопје да донесе решение за ставање во мирување на работниот однос на Никола Јанкуловски, да се усогласат договорите меѓу Сенатот и ректорот во согласност со Законот за високо образование, да се утврдуваат критериумите за одредување на висината на платата на ректорот, тоа што досега не е средено со закон како работен однос на ректорот“, рече на денешната седница членот на ДКСК Шемши Салаи.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе