Во судот се слушаат снимки

„Рекет“: Вулгарности, приватни разговори на Боки 13 со Кичеец, кавга меѓу Јанева и Русковска…

По снимките од разговори помеѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во случајот „Рекет“ отвори и разговори помеѓу осудениот Зоран Милевски, сопругата на Камчев, Ана Камчева и обвинетиот Јовановски. 

Во овој фолдер како доказ имаше три снимки кои траеја нешто повеќе од по половина час секоја. Во овие разговори обвинителката Вилма Русковска предупреди дека има приватни разговори за кои побара јавноста да биде исклучена. Ова се однесуваше на третата снимка од овој дел на докази. Ваквото нејзино барање на иде на отпор од страна на обвинетата Катица јанева и обвинетиот Јовановски. Јанева и се спротивстави на својата колешка, обвинувајќи ја дека го крши законот, дека не мисли што прави, дека не може да ги селектира доказите на тој начин и дека сите докази на обвинителството треба да бидат отворени. Јанева побара јавноста да не биде исклучена за, како што рече, да се види јасно кој манипулира, кој нуди потпкуп и кој нуди рекет. Ваквото нејзино барање го поддржа и обвинетиот Јовановски кој рече дека не бил запознаен дека е сниман, дека неговото достоинство и онака е нарушено и дека без проблем ја прифаќа одговорноста да се чујат сите непријатни и приватни разговори со Милевски само да се дознае вистината. 

Овде настана жестока расправија помеѓу поранешните колешки, а сега на спротивни страни, Русковска и Јанева на што на обвинувањата дека не мисли што прави со доказите Русковска жестоко и возврати на Јанева: „Колешке, вие да мислевте претходно што правите, немаше да бидеме овде”. Се надоврза и Боки 13, гласно извикувајќи на микрофон: „И вие да не монтиравте случај, немаше да сме овде”. 

Снимката која беше пуштена во судница и која за Јанева и Јовановски требаше да открие што всушност се крие зад целиот предмет за јавноста остана нејасна. Новинарските екипи, освен брмчење на автомобил, отворање и затворање врати, тропање на клучеви, на чаши, звуци од чекори, музика и одвреме навреме по некој недоличен и вулгарен збор, не успеа да разбере ништо друго. 

Откако заврши снимката, обвинителката Русковска само појасни дека на неа се слушаат гласовите на Кичеец, Камчева и Јовановски.

Одбраната приговараше на снимката, а Јовановски рече дека иако доказот е неразбирлив и не знае за што се зборува, откако го слушнал решил да ја отвори Пандорината кутија. 

„Од овој момент ја отворам Пандорината кутија. Барам да не ја исклучувате јавноста и да се види јавно мојот однос со Зоран Милевски и неговата манипулација. Досега не видовме ниту еден доказ туку само сензационализам”, рече пред судот Јовановски. 

Во продолжение тој не изостави, а да не и образложи на судијката Васка Николовска Масевска дека манипулира со неговата здравствена состојба и и прочита дел од извештај дека наодот од неговите испитувања не е готов. 

Пред два дена судијката на судско рочиште, повикувајќи се на лекарска документација, рече дека Јовановски нема рак, туку воспаление на желудник. Таа денес, налутена од обвинувањата на Јовановски, гласно му посочи дека фактот дека нема малигнитет не го измислила таа, туку е тоа официјален документ потпишан од 17 лекари. Јовановски со истиот тон гласно и возврати: „Судија, не ми се дерете”, по што повторно се врати на снимката и образложи дека е таа доказ кој покажува зошто Русковска го пуштила Милевски во куќен притвор. 

Во продолжение беше пуштена и втората снимка, а за третата, за која беше кажано дека е приватен разговор, судијката посочи дека е должна да се грижи за заштита на приватноста на секое лице во постапката. 

Судењето продолжува утре. 

К.Д.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе