„Рекет“ продолжува со завршни зборови на одбраната

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува рочиштето за предметот „Рекет“, на кое завршни зборови ќе даваат одбраната на првообвинетиот во случајот Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

По завршните зборови претседателката на судечкиот совет, судијката Васка Николовска-Масевска треба да закаже ново рочиште на кое ќе биде изнесена пресудата.

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, исто така обвинета во „Рекет“, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев да добие поблаги мерки во истражната постапка.

Меѓу обвинетите за овој предмет каде што првпат во историја на државата во обвинение е опфатен еден обвинител беше и Зоран Милевски-Кичеец, но уште на првото рочиште тој ја прифати вината и Кривичниот суд го осуди на три години затвор (неправосилна одлука).

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе