Стефанова смирена, Јанева вулгарна

„Рекет“ ги удави во фекалии довербата и соработката на бившите колешки

„Затишје пред бура" беше денешниот молк на поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева на нејзиното прво соочување со некогашната колешка, Лиле Стефанова. Судењето за „Рекет" од една страна им овозможи средба очи во очи, а од друга страна уште повеќе ги заостри нивните, и онака разнишани односи. Обвинителката за која Јанева во минатото даваше изјави дека ја избрала меѓу првите во тимот бидејќи најмногу и верувала, денес стана „говнарка и ороспија" (според вокабуларот на Јанева во судница).

„Обвинителката Стефанова од моментот кога стана специјален јавен обвинител, беше меѓу првите кои беа повикани да работат во тимот. Мојата доверба кон неа е иста како и првиот ден, а највеќе заради тоа што се работи за искусен професионалец. Не згрешив во изборот на обвинителите, и со секој ден сум се повеќе сум уверена дека сум направила вистински избор со сите обвинители", изјави Јанева на 30 јануари, 2019 година.

Поранешната шефица на СЈО покажа дека една година може многу да промени.

Довербата и професионалната соработка на двете обвинителки, денес по однесувањето на Јанева на рочиштето за „Рекет“ се удавија во фекалии.

Седната во првиот ред во обвинителната клупата, Јанева денес една година потоа гледаше кон судиите и воопшто не се сврте кон нејзината поранешна колешка Лиле Стефанова која дојде да сведочи за „Рекет“ и која кога влезе седеше во публиката зад Јанева.

Но, не за да и го чува грбот, туку таков е распоредот на инвентарот во просторијата во големата судница на новиот Основен кривичен суд.

Пултот за сведоци се наоѓа од спротива на клупата за обвинети во големата судница, и сакала  или не поранешната шефица, Стефанова и застана пред очи. Во текот на сведочењето, додека Стефанова зборуваше за тоа како Јанева на почетокот била коректна, а потоа се променила и дури буквално ги бркала од состаноци, Јанева избегнуваше да гледа кон неа.

На почеток впечатокот е како воопшто да не и е важно што таа ќе каже и дали ќе изнесе клучни факти кои нема да бидат на страната на Јанева.

Пред да даде заклетва дека ќе ја зборува, Стефанова пред присутните рече дека не е скарана со Јанева, но појасни дека тие две не се во добри односи.

Дека ова е така, но и дека сведочењето на Стефанова ја „извади“ од контрола Јанева покажа и нејзината бурна реакција и вулгарните зборови кои и ги упати на заминување.

Додека Стефанова се пакуваше да си замине од судница по двочасовното сведочење, Јанева буквално го потисна својот срам и без трошка двоумење извика: „Ороспија“, „говнарка“.

Ова го кажа пред судии, пред новинари, пред полицајци, пред обвинители, адвокати, но и пред нејзиниот син кој седеше во публика.

Кога од судница одекнаа овие вулгарни зборови, дури и новинарските екипи изненадено се подзапрашаа меѓу себе дали добро чуле или само им се причинува.

Дилемата им ја прекина судијката Васка Николовска – Масевска која ја опомена Јанева да не користи вулгарни зборови и ја повика полицијата да ја отстрани од судница.

Со овие зборови Јанева го потопи своето достоинство, својата функција на некогашна шефица на СЈО на кое голем дел од јавноста безрезервно му веруваше.

Нејзиното денешно однесување го видоа сите, а го сними и малата камера која е вклучена на сите рочишта за „Рекет“.

Излезе од судницата со полициска придружба и вознемирана и расплакана чекаше пред врата на судницата да заврши „Рекет“. Расплакана го напушти и Основниот кривичен суд.

На нејзините навреди Стефанова беше смирена, исто како што и смирено зборуваше додека сведочеше за начинот на кој се работеше во СЈО, како и за конкретните активности во случајот „Империја“.

Откако се заколна дека ќе ја зборува вистината, Стефанова околу два часа одговараше на прашањата на обвинителството, но и на одбраната.

На местото на обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска денес седеше обвинителката Гордана Смаќоска која и беше замена.

Стефанова одговарајќи на прашањата на заменската обвинителка појасни дека експлицитните разговори всушност се причина за да бидат отворени предметите „Империја" и „Поштенска банка". Предистрагата за првиот предмет траела околу 8 до 9 месеци, а потоа за 13 лица била донесена Наредба за спроведување на истрага.

За 5 лица, меѓу кои и Орце Камечев и Стефан Панделевски била определена мерката притвор, а специфичноста на овој предмет, според Стефанова била во тоа што осомничените точно ги знаеле конкретните активности на обвинителите на СЈО за овој предмет.

Кој бил кртот на давање на информации Стефонова на откри, но затоа кажа дека Камчев подготвен го дочекал претресот во неговиот дом и во фирмата „Орка Холдинг".

Откри и дека политичари, судии, бизнисмени, обвинители се обидувале да ургираат кај неа, но кај Јанева за Камчев. И во овој дел единственото име што го откри за ургенциите во „Империја" беше името на судијката Добрила Кацарска.

Во овој период, односно до 16 април, 2018 година Јанева не кажала ниту еден збор за ургенции за Камчев, ниту пак прифатила било каков предлог кој отстапувал од законските рамки.

Стефанова рече дека по овој период се случила пресвртницата во однесувањето и постапувањето на нејзината шефица. 

„До април, 2018 година Јанева во ниту еден момент не покажа дека сака да ја подобри состојбата на осомничените, тоа најодговорно го тврдам. Не ми давала напатствија, но потоа се случија тие преломни моменти. Ја повикуваа во емисии и ми бараше повеќе податоци. Првично сметав дека тука нема ништо спорно. Кога го повикав Орце Камчев да даде исказ, тој од џебот извади лист и ми годаде. Беше со амблемот на Систина, почнуваше со кирилица, а продолжуваше со латиничен фонд. Наташа Савова посредувала преку Саш Мијалков јас да добијам ослободување од предметот“, сведочеше Стефанова. 

Таа појасни дека овој потег на Камчев го доживеала како укажување дека тој има моќ. Ова писмо и било предадено на Јанева и постоело како доказ во предметот „Империја“.

 Камчев доби притвор, а по ова Јанева свикала состонок, а на Стефанова и дала 5 предлози за на осомничените од „Империја“ мерката притвор да им биде заменета со куќен притвор. 

Стефанова се спротивставила, но Јанева дрско и одговорила: „Тоа е моја одлука и сите треба да одат во куќен притвор заради предметите на СЈО, како и за донесување на новиот закон за јавно обвинителство. 

Стефанова посочи дека ваквиот потег на Јанева имал доза на политика, што не смее да се случи во постапка и дека единствен кој застанал зад неа бил колегата Артан Ајро од тимот на СЈО. 

„Таа се налути и замина, а јас не гледав никаква логика за политичка поврзаност на законот и предметот против Камчев и Панделевски. Дадов налог да се изврши промена само во мерките и со предлого за куќен притвор побарав да им се одземат патните исправи“, сведочеше Стефанова. 

Во периодот после куќниот притвор Камчев поднесувал постојано барање за враќање на пасошот, но поголем интерес Јанева имала за Цветан Панделевски кој исто така го барал пасошот за прегледи во Италија. Катица потпишала, но судот го одбил ваквото барање. 

Како минувало времето Стефанова посочи дека до месец април, минатата година нејзините односи со Јанева биле заладени и скоро и да не зборувале. 

По ова следела времена патна исправа за Панделевски, а и состанок на кој Јанева била вознемирена и кажала дека била незадоволна од работењето на колегите. 

Следното барање од Јанева за Камчев било на 16 парил, 2019 кога и се обратила на Стефанова со зборовите: „Ти, Лиле да му дадеш пасош на Орце. Ќе даде тој гаранција од 3,5 милиони евра и ти Лиле и Бурим да направите проценка за штетата и казните за „Империја“ и тука предметот да заврши. Сега ајде сите излегувајте“. 

Од начинот на кој Јанева реагирала, Стефанова рече дека заклучила дека Катица сакала да го затвори предметот на незаконит начин и дека нејзината следна одлука била да го направи она што и било побара, да поднесе оставка и да ги повика медиумите за да образложи зошто се одлучина на таков чекор. 

По ова Стефанова заминала на годишен одмор, а одлуката Камчев да добие времен пасош ја потпишала Елизабета Јосифовска. 

„Јас немам намера да потпишам некој да добие пасош поради одење на семинар. Дека Камчев добил пасош видов на спортски натпревар на кој тој се фотографирал. Јанева со мене нема прозборено ниту еден збор за пасошот на Камчев“, рече Стефанова. 

Обвинителката појасни дека од 16 парил лани, до нејзината оставка не се виделе и дополни дека Јанева највеќе ургирала за Панделевски, помалку за Камчев, а воопшто немало ургенции за Мијалков. 

Од оставката двете колешки се сретнаа денес и тоа не беше убаво искуство за никого. 

Театралното однесување некако како повеќе да му припаѓа на Бојан Јовановски, но Јанева денес со два збора ( ороспија и говнарка) ги убеди сите дека не е така.

Но, Јовановски можеби знаел да и се обрати на Русковска да не се дере, или да обвинува дека е експериментален глушец, но навреди и вулгарни зборови, не користел. Барем не до денес. 

За од утре за кога е закажано следното рочиште за „Рекет“ останува да видиме какво шоу ќе приредат оние кои треба да имаат достоинство, култура и соодветен речник. 

И не само заради тоа што се под будното око на јавноста, туку и заради функцијата на која некогаш биле. 

Утре во судница со Јанева ќе се соочи обвинителот Бурим Рустеми. 

 К.Додевска

 

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе