Судски совет

Разрешени тројца судии и донесена одлука за пензионирање на двајца судии поротници

Судскиот совет на денешната 378 седница разреши тројца судии поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и донесе одлука за престанок на мандат на двајца судии поротници од Основниот кривичен суд Скопје поради навршени 60 години возраст.

Разрешените судии времено се одалечени од вршење на судиската функција.

Судскиот совет, се вели во соопштението по одржаната 378 седница, донесе одлуки за престанoк на судии поротници: во Основниот суд Свети Николе: Стојка Пешевска, Момчило Нацевски, Сузана Дерменџиева и Владимир Тосев, поради истек на мандатот; Основен суд Радовиш: Убавка Петкова, по сопствено барање и Александра Тодорова, поради истек на мандатот и во Основен кривичен суд Скопје: Митко Сандев и Зенел Елези, поради навршени 60 години возраст.

Избрани се судии поротници во Основен суд Свети Николе: Стојка Пешевска, Методи Величков, Олгица Стојкова и Кирче Костов и во Основен кривичен суд Скопје: Саше Митрев, Снежана Јовановска, Ивона Јакомовска, Мирјана Костадиновска, Даниела Каевска и Јордан Миленов.

„Постапи по барање за повторување на постапка и формираше комисија. Разгледано е позитивно мислење од Врховниот суд на РСМ во врска со Методологијата со индикатори за утврдување на сложеноста на предметите“, се вели во соопштението објавено од Судскиот совет.

На седницата на Судскиот совет, како што информираат, било расправано по извештаите на комисиите на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и тоа: по 1(едно) барање ја запре постапката за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд; по 1(едно) барање разрешени се 2(двајца) судии поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено се одалечени од вршење на судиската функција и по 1(едно) барање разрешен е 1(еден) судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено е одалечен од вршење на судиската функција.

„Формирани се комисии на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд. За вршител на должноста претседател на Управен суд е определена Ељмедине Асани, судија на Управниот суд“, се вели во соопштението од Судскиот совет.

На денешната седница, исто така, биле разгледани и усвоени извештаите на судовите во Република Северна Македонија, за првото тромесечие за 2021 година, како и записниците од 371-та, 373-та и 374-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе