Случај „Рекет“

Разговорите од „Пандорината кутија“ на Боки 13 утре во судница

Снимките помеѓу Зоран Милевски-Кичеец и Бојан Јовановски што бизнисменот Орце Камчев ѝ ги предал на обвинителката Вилма Русковска, утре ќе бидат јавно презентирани на новото рочиште за случајот „Рекет“.

Овие снимки минатата недела веќе беа презентирани на рочиште што, со одлука на судот, беше затворено за јавност. Но бидејќи Јовановски посочи дека овие разговори се важни и нагласи дека со нив ќе ја отвори „Пандорината кутија“, обвинителката Русковска денес побара судот да дозволи и јавноста да ги чуе и овие снимки. 

Образложението на обвинителката беше дека ги проучила и ги слушнала овие докази и иако немаат поврзаност со кривично-правниот настан, за да се избегнат шпекулациите во јавноста, барањето е јавно да бидат презентирани.

На ова барање не се спротивставија ниту Јанева ниту Јовановски, а нивните адвокати и денеска повторија дека овој доказ треба јавно да се изведе.

Со одлука на судијката Васка Николовска-Масевска утре во судница ќе се отворат трите фолдери и ќе се слушаат разговорите помеѓу Кичеец и Боки 13 што траат два часа и 10 минути.

Јовановски минатата недела откако беа најавени овие докази, рече дека прифаќа да бидат пуштени бидејќи и онака, како што нагласи, достоинството му било нарушено во случајот Рекет.

К.Д.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе