Ќе се слушаат приватни разговори

Разговорите меѓу Кичеец и Боки 13 ќе останат во „Пандорината кутија“, „Рекет“ денес затворен за јавност

Судењето за „Рекет" денес со одлука на судот е затворено за јавност. Разговорите кои се воделе помеѓу осудениот Зоран Милевски и обвинетиот Бојан Јовановски и кои биле приватни, ќе се слушаат зад затворени врати и без присуство на јавноста.

Иако вчера и Јовановски и Јанева бараа јавноста да ги чуе овие разговори кои Камчев ги предал на обвинителката Вилма Русковска, сепак судијката Васка Николовска- Масевска посочи дека нејзината улога во постапката и согласно Законот за кривична постапка е да се грижи за заштита на приватноста.

За Јанева овие разговори биле клучот за „Рекет", а истиот став го дели и Јовановски. И двајцата на вчерашното рочиште за „Рекет" беа согласни дека овие разговорите ќе ја откријат релацијата што Боки 13 ја имал со Кичеец, како и тоа дека бил изманипулиран.

Но, Пандорината кутија како што Јовановски ги нарече овие разговори ќе останат тајна за јавноста. Јанева посочи дека со овие разговори јавноста ќе добие поинаква слика за целата постапка за „Рекет" и дека ќе биде даден одговор на тоа кој манипулира, кој нуди поткуп, кој нуди рекет...

Боки 13 беше гневен на фактот дека бил сниман. Во дел од снимките кои јавноста вчера имаше можност да ги чуе постои и телефонски разговор помеѓу него и Камчев во кој Јовановски е недоверлив и му вели на соговорникот дека има чувство дека некој друг им ги слуша разговорите.
Разговорот оди вака :

Камчев: Ти ми кажа да пуштам барање. Јас се видов и со Тони. (Овде најверојатно зборува за адвокатот Антонио Апостолски)

Јовановски: Не зборувај со адвокати. Има и други околности. Се ќе ти објаснам. И да ти кажам друго е кога би зборувале во очи. Тогаш барем не се устручавам. Со кого си ти?

Камчев: Сам сум бе, не се зборат вакви работи пред секого. Ти се колнам дека сум сам.

Јовановски: Не знам, некако имам претчувство дека уште некој ни го слуша разговорот.

Дека Јовановски не погрешил во својата интуиција покажа и вчерашното рочиште за „Рекет" каде беа пуштени разговорите, дел преку мобилен, ден од лични средби помеѓу него и Камчев.

Снимките поделени во фолдери и со записник за примопредавање завршиле во рацете на Русковска. Таа Камчев го вика сведок која ги отвора доказите.
Во друг разговор Камчев му вели на Боки 13 дека во кои особини се карактерно слични алудирајќи на тоа дека и двајцата сакале да трошат, но се разликувале во тоа што Камчев инвестирал.

„Јас сум бетер од тебе. Зимам, трошам али и инвестирам. Имам и јас цела колекција од часовници. Сега да имам 10 милиони, за месец дена се веќе инвестирани. Милион треба да обезбедам. Ок шефе, немај гајле. Ќе обезбедам", му вели Камчев на Боки 13 на една од снимките.

По денешното затворено рочиште, „Рекет" ќе продолжи во понеделник со нови докази.

К.Д.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе