Транскрипти од разговори и смс пораки на судењето

Разговор на рускиот амбасадор Шчербак меѓу доказите во случајот „Монструм“

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ дел од доказите беа и смс пораки и транскрипти од нелегално прислушуваните разговори. Во овие разговори има и и разговор во кој еден од учесниците е поранешниот руски амбасадор во земјава, Олег Шчербак. 

Но, и овој разговор е само разменување на информации во кој соговорникот на амбасадорот му кажува за тоа што е познато за убиството, но нагласува дека нема официјални информации од надлежните.

Кажува оти од жртвите четворица се убиени, а петатта – рибарот, веројатно е убиена зошто била сведок.

"Владата и МВР задоцнија со информации", му вели соговорникот на амбасадорот, посочувајќи дека власта ги релативизира информациите за ситуацијата да не ескалира.

Соговорникот кажува и дека има протести, се шират разни шпекулации меѓу населението, дека ситуацијата не е излезена од контрола, но оти е лоша. Има шпекулации, вели соговорникот, дека ова е одмазда за убиство во Тетово каде Македонец уби двајца Албанци.

И на минатото рочиште во една од „бомбите“ поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески вели дека рибарот е убиен бидејќи бил сведок. 

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. Другите двајца обвинети се во бегство во Косово од каде до сега никако да ги екстрадира. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм" го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе