Судење за набавка на софтверот во Влада

Рашковски вели не е виновен, Русковска возвраќа дека службената положба ја искористил за лично богатење

Апсолутно не се чувствувам виновен рече денеска обвинетиот, поранешен Генерален секретар на Владата, Драги Рашковски пред судот во своите воведни зборови на првото рочиште против него. По, две одложувања заради истекот на мандатот на обвинителката во предметот Ивана Трајчева, во судницата воведените зборви ги превзема нејзината шефица Вилма Русковска. 

Обвинителката Русковска посочи дека во оваа постапка преку докази ќе го увери Судот дека обвинетиот Драги Рашковски нерационално и непродуктивно ги трошел народните пари за камери, кабини коишто дел не се наоѓаат во просториите на Владата и никој нема објаснување.

„Ќе докажеме дека ја злоупотребил положбата за свои лични материјални цели. Софтверот за препознавање на брзина на возила и изрекување на казни не се користи и по две години од набавувањето со оглед на зсконската регулатива како пречка, факт кој го знаел Драги Рашковски. Нема надлежност да снима и издава казни. Тука има друга позадина а тоа не е во делот на грижата за гаѓаните туку позадината е патентот лична сопственост на обвинетиот Драги Рашковски. Ќе докажеме дека овој софтвер не се употребува на само заради начинот на набавката туку и дека е нефункционален. Оваа постапка придонесе граѓаните да дознаат дека се потрошени 4.000.000 милиони денари за нешто што не е функционално и ставено во употреба. Опремата ова скапо и непотребно задоволство не чини вкупно 6.000.000 денари кабини и камери за софтвер за кој уште немало обезбедено софтвер а ниту една институција не и се потребни. Ќе докажеме дека целта е нивното лукаративно однесување на сите обвинети. Рашковски сакал материјално да го материјализира својот личен патент преку оваа постапка но без да има потреба или соодветна постапка, рече Русковска. 

Случај во кој се обвинетите седуммина за злоупотреба на службената положба и перење пари за набавка на сообраќаен софтвер, но и примање пари на рака од вработување во владиниот секретаријат.

Судењето за овој предмет го води судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска, а како застапник на обвинението на денешното рочиште се појави обвинителката Вилма Рускоска. Следното рочиште за случајот „Софтвери" е закажено за 24 март.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување" и „Перење пари и други приноси од казниво дело".

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување" од КЗ. Првообвинетиот, се вели во Обвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи, метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе