Обвинетиот не може да биде третиран во затворски услови

Раната на Јовановски не зараснува и неговата здравствена состојба се влошува, тврди Дуковски и бара куќен притвор

Здравствената состојба на Бојан Јовановски-Боки13, обвинет во случајот ,,Меѓународен Сојуз,, не се подобрува, туку се влошува, истакна неговиот адвокат Сашо Дуковски. Тој по одлуката да се одложи денешното рочиште, пред новинарите истакна дека раната на неговиот клиент не му зараснува.

„Се работи за керотизирано ткиво, односно зацврстено ткиво кое што секое т.н. крпење на желудникот е тешко и не случајно некој човек и затоа што е здрав се држи во болнички услови затоа што ни од далеку истото не може да се спроведе во затворот „Скопје", изјави адвокат Дуковски пред Кривичниот суд.

Заради влошената здравствена состојба на обвинетиот Јовановски, одбраната поднесе уште едно барање за замена на мерката притвор со мерката куќен притвор. Но, едно вакво барање како што истакна адвокатот Дуковски, вчера им било одбиено.

„Едноставно човек што е опериран од таква болест и со таква операција не може да биде третиран во најсериозните демократии во светот во затворски услови, а не во затворот „Скопје". И затоа вчерашното одбивање на мерката замена за притвор не претставува ништо друго, туку претставува чист и најчист облик на кривично дело тортура предвиден во Кривичниот закон“, истакна адвокатот Дуковски. 

Иако вчера им било одбиено на барањето за замена на мерката притвор, одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски Боки-13, во тек на денешниот ден ќе поднесе уште едно барање за замена на мерката притвор, со мерката куќен притвор. 

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе