Ракометарот Ристовски сведок на „27 април“, не ги познавал Миле и Спиро

Спиро Ристовски и Миле Јанакиески не контактирале членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ за нивно учество на протестите „За заедничка Македонија". За ова сведочеа повеќе сведоци повикани од одбраната на денешното рочиште за судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Прв сведок денеска беше ракометарот Борко Ристовски, кој во тој период имаше повеќе објави на Фејсбук за поддршка на протестите, пренесе 360 Степени. 

Тој рече дека во тој период не живеел во Скопје и немал никакви активности за протестите.

На прашањето дали Ристовски или Јанакиески го контактирале, тој одговори: „Апсолутно не, ниту ги познавам лично Спиро Ристовски и Миле Јанакиески ниту, пак, некој друг ме контактирал за тоа".

Следна на пултот за сведоци седна Валентина Петровска, која во 2017 година била претседател на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Автокоманда. И таа на истото прашање рече дека не била контактирана ниту од Ристовски ниту од Јанакиески за организирање на членството од нејзиниот месен комитет за учество на протестите „За заедничка Македонија".

Тони Бојковски, кој во тоа време бил претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на Гази Баба, рече дека имале многу јавувања од членови за протестите, но дека она што бил ставот на ОК е секој сам да одлучи. И тој одговори одречно на прашањето дали бил контактиран од двајцата обвинети, високи партиски функционери.

Бојковски, исто така, беше прашан дали на партиските состаноци го гледал Александар Василевски-Нинџа.

„Додека јас бев претседател на ОК, не присуствувал на состаноци. Немам информации дали бил член на партијата. Во списокот на членови не сум го видел, но даваше поддршка на членовите, неговото кафуле 'Аристократ' е блиску до ОК и таму доаѓаа помлади членови на партијата", рече Бојковски.

Сведокот Цветко Грозданов, кој од 2013 година бил член на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, одговараше на прашања за вибер-групи на пратеници и функционери во која се комуницирало за протестите.

Рече дека секој може да отвори вибер-група, дека можеби бил ставен во некоја таква група, но до него не стигнале никакви информации за протестите ниту, пак, некој го контактирал за тоа.

И тој, како и претходните сведоци во процесот, рече дека немало партиска одлука за поддршка или учество на протестите „За заедничка Македонија".

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе