Ексдиректорот на БЈБ сведок за петкратното убиство

Радникот тврди: До БЈБ не стасаа никакви сознанија дека ќе се случи „Монструм“

„Јас сум Љупчо Тодоровски, ме викаат Радникот, бев директор, а сега сум пензионер", вака поранешниот директор на БЈБ се претстави како сведок на судењето за „Монструм". Обвинителката Фатиме Фетаи беше првата која му постави прашања за петкратното убиство. „Чудно е, но вие немате ниту еден разговор во „бомбите", но сте споменати меѓу соговорници", му рече Фетаи на Тодоровски. 

Таа го испрашуваше кратко, а повеќе прашања за него имаа обвинетите Фејзи Азири и Хаки Азири, поради тоа што тврдат дека тој влијаел со писмена препорака до Хаки да ги посочи обвинетите како сторители на петкратното убиство.

Но, денес Хаки на Фетаи и одговор дека Тодоровски е човекот од сликата, но дека не кажал дека тој го малтретирал.

Но, Фетаи немаше многу прашања околу ова иако пред судот посочи дека еден од главните поенти во овој предмет и е токму исказот на обвинетиот Хаки Азири дека Радникот го малтретирал и дека таа сака да го расчисти тоа денес.

Нејзините прашања до поранешниот директор на БЈБ беа насочени кон разговор во кој Зоран Трајковски, поранешниот шеф на обезбедувањето на Љубе Бошковски зборува дека дека му кажал одредени сознанија за петкратното убиство.

На ова Тодоровски тврдеше дека токму поради тоа што Трајковски си правел филмови, на прекар го викале „филм“ и појасни дека не може тој да му дава информации и да го предупрадува за нешто такво, кога соработничката мрежа на Радникот била многу посилна од онаа на Трајковски.

„Мојата соработничка мрежа е многу посилна од неговата и тој нема моќ мене да ми каже или предупреди. Јас чув на вести за овој настан. Се изненадив дека се фалел. Се сретнавме и дојдоа некои луѓе, работници ги вика тој. Му кажав „што ги носиш овие, кога се неупотребливи““, појасни Тодоровски во врска со комуникацијата со Трајковски.

Пред судот како сведок во „Монструм“ тој тврдеше дека БЈБ немало никакви сознанија дека ќе се случи таков настан и дека ако би знаеле сигурно дека ќе стореле се за да го спречат.

„БЈБ немаше никакви сознанија. Да сме имале, сигурно дека би направиле се за да го спречиме тоа нешто кое е многу сериозно и тие лица би биле под ПИ-мерки и ќе сме ги откриеле“, појасни сведокот.

На прашањата на таткото на едно од убиените момчиња во врска со тоа дали бил во судот кога бил испрашуван Азири, дали го малтретирал и му наредувал да каже нешто, сведокот беше дециден дека никому ништо не му наредил.

„Не бе луѓе, не сум наредувал никому ништо да каже. Суд дошол во суд сега, е пред тоа можеби пред 20 години. Мојата позиција не е да малтретирам“, дополни сведокот.

За петкратното убиство тој појасни дека добил информација дека кај Смилковските езера има 4 леша, а потоа дека е најден уште еден леш, по што дал наредба да се блокира местото, да се обезбеди просторот, да се најдат сведоци и можни сторители, впрочем како што се постапува во ваков случај.

Пред него во овој предмет сведочеше поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, а по него требаше да сведочи Синиша Алексовски, советникот за безбедност на експретседателот Ѓорге Иванов. Но, неговото сведочење јавноста ќе има можност да го чуе на 27 февруари.

Судењето за „Монструм“ ќе продолжи в петок за кога во својство на сведоци се повикани Али Ахмети, Бујар Османи и Џелал Бајрами.

К.Д.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе