Протест за повисока казна за сообраќајката кај „Сити мол“, судот реагира - казната е во законските рамки

Семејството на Викторија Николова, младата девојка која во јануари годинава загина во сообраќајната несреќа кај „Сити мол", организраа протест пред Кривичниот суд – Скопје против судската одлука во која возачот Јордан Ѓорѓиев, беше осуден на казна затвор од три години. Кривичен суд реагира по протестот, со укажување дека пресудата е неправосилна, но и дека судот при одмерување на казната се водел исклучиво од законските одредби и дека предвид биле земени и отежителните и олеснителните околности, како и признанието на вина на обвинетиот.

На протестот пред Кривчниот суд беа пријатели и другари на загинатата Викторија, кои носеа транспаренти со пораки преку кои го изразија своето незадоволство од пресудата.

Сестрата на загината Викторија, Лилјана Николова, рече дека бараат повторно и повторно правда за, како што оцени, неправедната пресуда како и за целата неправда која им била нанесена и се уште им се нанесува.

„Овој протест е уште еден кренат глас до ова судство, до оваа неправдина која нѐ боли до коска заради пресудата од судијката Љубинка Бошевска. Како да не сме луѓе, како да не нема. Како да се кријат во нивните удобни фотелји, а трњата ние ги газиме, ние патиме, ние губиме и човек и правдина и надеж. Бараме правдина за нашата сестра, ќерка, девојка, другарка. Бараме нова пресуда со реални очекувања, зошто нема да запреме овде. Доста беше оваа тортура и ова лудило. Слушнете го нашиот глас зошто за вашето непрофесионално работење ќе слушне целиот свет“, рече Лилјана Николова.

Правниот застапник на семејството Николови, адвокатот Владимир Михајловиќ, изјави дека на улица се излезени за да се слушне гласот на народот, затоа што, како што рече, нема владеење на правото и затоа што „на местото на Викторија утре може да биде секој од нас".

„Изречената казна е под законскиот минимум. Затоа сметаме дека тоа е апсолутна неправда, затоа сметаме дека Апелација треба да ги слушне и гласот на народот и се разбира, да го слушне и види она што се докази во постапката“, рече Михајловиќ.

Воедно, тој додаде дека од Апелацискиот суд очекуваат повисока казна во рамки на Законот и дека никој не бара нешто повеќе.

Инаку, пресудата за сообраќајната несреќа кај „Сити мол", беше објавена во понеделникот, а Јавното обвинителство ја обжали.

По протестот со соопштение се огласи Кривичниот суд.

„Основниот кривичен суд Скопје, во целост го почитува Уставно загарaнтираното право на секој граѓанин за протест и волјата да го изкаже своето незадоволсвто.
Но, јавноста мора да знае дека, во конкретниот случај, судот изрекол првостепена пресуда која сѐ уште не е правосилна и која ќе подлежи на проверка од повисоките судови во жалбена постапка. Во духот на транспарентно и отчетно работење судот овозможи присуство на сите медиуми за време на судскиот процес и директно емитување на објавата на пресудата, токму заради навремено и прецизно информирање на јавноста, пред сѐ за да се пресретнат евентуални лажни вести и шпекулции поврзано со конкретниот процес“, реагира Судот.

Во соопштението натаму се наведува дека судот при одмерување на казната се водел исклучиво од постоечките законски одредби кои ги регулираат овие кривични дела, сите отежителни околности поврзани со загубата на млад живот, зачестеноста на конкретните кривични дела, како и репресивното и превентивното влијание на пресудата.

„Но, воедно судот бил должен да ги земе предвид и олеснителните оконости дека се работи за признание на вина од страна на обвинетиот, неговата возраст и околностите под кои е сторено делото, односно колку било прекорачена дозволената брзина на возење и фактот дека обвинетиот во моментот не бил под дејство на алкохол или опијати. Токму заради тоа, конкретната пресуда не може да се компарира со други, веќе правосилни пресуди, каде се изречени условни казни или казни од над 7 години“, нагласува судот.

На крајот од соопштението се укажува дека ниеден загубен човечки живот не може да биде надомесетен со кава било судска пресуда, дека судот изразува сочуство до семјеството, но и дека „судот е должен да се води од законските ограничувања за одмерување на казната“.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе