Проширување на истрагата за Рашковски, обвинение за „Плацеви на Водно“... најави Русковска

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе бара продолжување на притворот на Драги Рашковски, а можно е и проширување на истрагата, најави шефицата на ова обвинителство, Вилма Русковска.

„Сега работиме на собирање документација и сослушуваме сведоци за набавка на уште еден софтвер“, рече Русковска во интервју за „360 степени“.

На прашањето за што бил тој втор софтвер, таа кажа дека не знае детали, освен дека е поврзан со отпечатоци и дека Агенцијата за заштита на лични податоци се противела на таа набавка. Сега, според неа, доколку соберат докази дека набавката и за овој софтвер е незаконска, ќе се прошири актуелната истрага.

Русковска во интервјуто најави и дека на почетокот на следната недела се очекува до Кривичниот суд да биде доставено обивинението за случајот „Плацеви на Водно“.

Инаку, „Плацовите на Водно“ како посебен предмет произлезе од случајот „Империја“. На листата осомничени за плацовите се шестмина, вклучувајќи ги и Никола Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, Орце Камчев, неговата мајка Ратка Камчева, Сашо Мијалков… Русковска вели дека во обвинението е опфатен и Груевски, бидејќи тој веќе бил испитуван за овој случај.

„Во овој случај тој веќе бил испитуван за околноста перење пари и има дадено свој исказ, така што обвинението ќе биде и за него. Истрагата нема да биде прекратена како што е во случајот со ’27 април’“, рече Русковска.

Истрагата за случајот „Плацови на Водно“ беше отворена во октомври лани и, според наводите од обвинителството, во периодот од 2006 до 2012 година со пари од членарина и партиски донации на ВМРО-ДПМНЕ биле купувани атрактивни парцели на Водно односно земјиште од 11.000 квадратни метри.

Оваа истрага неодамна се прошири, се вршеа претреси во зграда на Бихаќка, а потоа беше соопштено дека се откриени два нови стана и уште еден плац од 3.000 квадратни метри на Водно, кои се сметаат за сопственост на Груевски. Тој имот е замрзнат.

 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе