Реакција

Професорот Калајџиев го прашува министерот за правда како е можно да има меѓународни истраги за пресудени предмети

Се моли министерот за правда да објасни како тоа ќе има меѓународни истраги за пресудени предмети?! Ова е фејсбук-постот на професорот по кривично право Гордан Калајџиев по договорот меѓу премиерот Зоран Заев и Африм Гаши, претседателот на Алтернатива да има меѓународна истрага за неколку завршени судски случаи за кои двајцата оцениле дека „има политичка импликација“.

Гордан Калајџиев

Многумина оценуваат дека невообичаено е резултатот на политичките преговори за извршната власт, да биде донесен заклучок за судската власт.

Портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани вчера изјави дека Заев и Гаши се договориле Владата да побара меѓународна истрага за судските пресуди каде што има сомневања за политичка импликација како што се Монструм, Алфа, Диво Насеље, случајот со Алмир Алиу...

Денеска обајцата појаснија дека Владата ќе испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои ќе извршат меѓународна истрага на процеси за кои постојат сомневања дека врз нив било вршено политичко влијание, како што се: Монструм, Алфа, Диво Насеље, малиот Алмир...

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе