Kривичен суд

Продолжува сослушувањето на сведоци за автобуската несреќа кај Ласкарци

Со сослушување сведоци денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци се обвинети шест лица. Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

На денешното рочиште треба да биде сослушана уште една повредена патничка, како и други пет сведоци, меѓу кои и очевидци на настанот.

Во случајот се обвинети сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе