Кривичен суд

Привршува судењето за „Рекет“, денеска Боки-13 ќе ја даде својата одбрана

Судскиот предмет „Рекет” против обвинетите Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева, влегува во својата завршница. После многу презентирани докази од страна на обвинителството и одбраната на денешното рочиште за „Рекет”, својата одбрана е предвидено да ја даде обвинетиот Боки 13, односно обвинетата Катица Јанева.

На последното рочиште за овој случај во дополнение на доказна постапка одбраната презентираше неколку доказни материјали, меѓу кои остави впечаток кривичната тужба поднесена од страна на Јанева, против Боки-13, за незаконско снимање. Истовремено одбраната на Боки-13 реагираше дека судечкиот совет не ги прифатил како сведоци поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот директор на УБК, Горан Николовски.

Судењето за предметот „Рекет”, почна во декември минатата година. На првото рочиште второобвинетитот Зоран Милевски – Кичеец ја прифати вината и доби осудителна пресуда од три години затвор. На Милевски пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.

За овој случај Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, обвинитетите Боки 13 и Катица Јанева ги товари дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во наведениот предмет. 


Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе