По барање на обвинителството

Уапсен Стефче Јакимовски

По налог на јавен обвинител утрово е приведен поранешниот градоначалник на скопската општина Карпош и претседател на партијата ГРОМ, Стефче Јакимовски. Од МВР ја потврдуваат оваа информација. Неофицијално, приведени се уште две лица.

Јакимовски ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд, по што ќе се одлучи за барањето за негов притвор.

Засега нема информации за кој случај се приведува поранешниот градоначалник, дали е поврзано со некој од веќе познатите случаи или се работи за нова истрага.

Минатата година финансиската полиција водеше истрага за три тендери на општина Карпош.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе