Од МВР потврдуваат

Приведен Јордан Камчев

Денеска е приведен бизнисменот Јордан Камчев. Информацијата за МКД.мк ја потврдија од Министерството за внатрешни работи и додадоа дека Камчев ќе биде спроведен во Кривичниот суд.

Од МВР не можеа да споделат други информации. Неофицијално, приведувањето е поради информации на Агенцијата за национална безбедност дека е можно негово бегство од земјава. Велат дека во текот на денот Орце Камчев ќе биде спроведен во Кривичниот суд.

Од Обвинителството за организиран криминал се дознава дека обвинителката Лиле Стефанова е во судот и дека ќе бара притвор за Камчев.

Камчев е осомничен во истрагата „Империја“ која ја отвори поранешното СЈО. Во центарот на овој предмет се Камчев и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, кој се наоѓа во притвор откако му беше изречена неправосилната пресуда затворска казна во траење од 12 години во предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушување.

Инаку, обвинителката Стефанова, покрај „Империја“ го води и предметот на СЈО за купените плацеви на Водно, за што имаше информации дека преку фирми на Камчев требало сопственост на плацеви да добие поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Будимпешта.

За 18 март е закажано следното судско рочиште за предметот„Меѓународен сојуз", а тогаш предвидено е да сведочат Јордан Камчев и Агапи Дика.

 

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе