Судот го прифати предлогот на обвинителите

Притвор за обвинетите од „Монструм“ по изречените затворски казни

Обвинителката Фатиме Фетаи од Судот побара да им одреди мерка притвор на неправосилно осудените Хаки и Фејзи Азири поради опасност од бегство. Судот го прифати предлогот и определи притвор за обвинетите во „Монструм“. 

„Заедничко за сите обвинети е околноста што постои опасност од нивно бегство, а првообвинетиот Алил Демири и второобвинетиот Африм Исмаиловиќ веќе девет години и се во бегство, за обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ нема ниту потреба, за нив постои решение за определување на мерка притвор“, рече Фетаи по соопштувањето на пресудата од страна на Судот.

По советување Судот, донесе одлука предлогот на обвинителите да се уважи и на обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири и Фејзи Азири им се определува мерка притвор до отпочнување на издржување на казната затвор, односно до правосилност на пресудата.

Двајцата првообвинети се во бегство, Агим Исмаиловиќ е веќе во притвор, а Фејзи Азири е во затвор каде издржува казна за друго кривично дело. На слобода беше само Хаки Азири. 

Обвинетиот Фејзи Азири, пред судот, ги повика јавниот обивнител Љубомир Јовески и јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска да го посетат во затворот во „Шуто Оризари" да им предложи докази за нарачателите на убиството, за организаторите на убиството во овој предмет и за помагачите, со име и презиме и со прецизни докази.

„Доколку во рок од десет дена не ме повика во ЈО или не ме посети да го пријавам случајот, ќе ги дадам доказите на јавноста, на странските амбасади и на меѓународната заедница, за да се утврди точно кој е нарачател и извршител на убиството“, рече Азири.

Во претходна постапка за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, предметот беше вратен на повторно судење и случајот во март 2018 гдина го презеде поранешното СЈО.

Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе