По одлуката за казна затвор од 8 години

Притвор за Мијалков за случајот „Трезор“

Основниот кривичен суд Скопје му одреди мерка притвор од 30 дена на Сашо Мијалков, неправосилно осуден на затвор од 8 години во случајот „Трезор“. Ова одлука следуваше по предлог на јавниот обвинител Трајче Пеливанов, кој истакна дека постои опасност од бегство. На обвинетиот Небојша Стајковиќ, пак, Судот му одреди мерка куќен притвор.

Обвинителот Трајче Пеливанов, по изрекувањето на пресудата за Сашо Мијалков со која тој беше осуден на затвор од 8 години за случајот „Трезор", побара мерка притвор и за овој предмет. Оваа мерка, според обвинителот, се бара поради тоа што Мијалков е „моќен, ситуиран и може да побегне“.

Обвинителот Пеливанов нагласи дека на Мијалков веќе му е определена мерка притвор за предметот „Таргет-Тврдина“, но овој притвор според одлуката може да трае најдоцна до 27 април.

„Имајќи ја предвид казната од 8 години, како и висината на казната во предметот Таргет-Тврдина од 12 години затвор, како и околноста дека Мијалков е исклучително моќен човек, несомнено се јавува потребата од определување мерка за обезбедување на неговото присуство. Предлагаме на Мијалков да му се определи мерка притвор во овој предмет. Ова го бараме и поради постоење на опасност од бегство, како и тоа дека веќе преку Европол е утврдено дека Мијалков има адреса на живеење во Прага, а и две возила регистрирани на негово име“, рече обвинителот Пеливанов.

Обвинителството побара притвор и за експомошник-министерот во МВР, Небојша Стајковиќ, кој денес беше осуден на затвор од 5 години во случајот „Трезор“.

Одбраната на Мијалков се противи на ваквото барање со образложение дека Мијалков нема намера да побегне. Одбраната смета дека сѐ додека е активно и правосилно решението за веќе определениот притвор за „Тврдина-Таргет“, обвинителството не може да бара притвор и ваквиот предлог е незаконит и неоснован.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе