Случај „Рекет“

Прифатен предлогот на обвинителството, 30 дена притвор за Катица Јанева

Катица Јанева, шефицата на Специјалното јавно обвинителство како осомничена за случајот „Рекет" од вечерва ќе биде во 30-дневен притвор во истражниот затвор „Скопје" во Шуто Оризари.

Судија на претходна постапка вечерва определи 30 дневен притвор во истрагата за случајот „Рекет” како третоосомничена. Таа има право на жалба преку нејзините адвокати до кривичниот совет.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција денеска побара притвор за Јанева која е осомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластување и влијаела за поповолна позиција на осомничениот Орце Камчев во предметот „Империја”.

Јанева е  осомничена за кривично дело злоупотреба на службена положба по член 353 став 3 вв став 1 од КЗ за прибавување „имотна корист во значителен износ“, во случајов од 1,5 милиони евра. За ова дело предвидена е затворска казна од најмалку 3 години.

Во притвор за истиот случај веќе втор месец се осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

По барање на адвокатoт,  Јанева утре ќе присуствува на погребот на нејзината мајка која почина утрово.

Со полициска придружба Јанева утре ќе биде спроведена од затворот Шутка до погребот во Гевгелија. 

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе