Случај „Рекет“

Претседателката на Собранието на невладината на Боки 13 не знае каде завршија парите

Агапи Дика, претседателката на Собранието на невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13 денеска два часа даваше исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал за случајот „Рекет" . Таа по излегувањето од обвинителството изјави дека не знае каде се парите што бизнисмени ги уплаќале на Меѓународен сојуз. „Истрагата ќе покаже", изјави Дика.

Сестрата на Агапи Дика, Мери Дика Георгиевска е судијка на Апелацискиот суд во Скопје, една од личностите со кои Боки 13 често постирал фотографии на својот инстаграм-профил.

За „Рекет“ денеска сведочи и бизнисменот Зоран Азманов. 

 

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе