Случај „Рекет“

Претрес и во домот на Јанева во Гевгелија (ФОТО)

Повеќе од 35 дена по приведувањето на двајцата осомничени (Бојан Јовановсски и Зоран Милевски- Кичеец) и 13 дена по објавувањето на снимките од примопредавањето на парите од рекетот, денеска беше приведена и специјалната обвинителка Катица Јанева. Денеска полицијата вршеше претрес во нејзината канцеларија, во нејзиниот стан во Скопје,но и во нејзината куќа во Гевгелија.

Според обвинителката Вилма Русковска во СЈО бил одземен службениот компјутер на Јанева.

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, а во врска со предметот „Рекет“, соопшти денес државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Тој рече дека специјалната јавна обвинителка ја злоупотребила службената позиција и остварила лична корист со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на патната исправа, а потоа дала предлог да се олесни положбата на осомничениот за „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката.

Јанева, според обвинителството, имала намера да му ја олесни положбата на Камчев со тоа што под неизменети околности притворот му го заменила со домашен. Камчев требало да стане заштитен сведок или да му биде понудена спогодба, да му се врати пасошот и тој да плати минимална штета за предметот „Империја".

„Обвинителката  ја искористила својата службена положба и овластување и за себе и за двајцата осомничени прибавила имотна корист во значителен износ За себе предмети мебел во вредност од 298 илјади денари, кој за јавниот обвинител ги набавил еден од осмничените, а за двајцата осомничени прибавила имотна корист од еден милион и петстотини илјади евра“, истакна Јовевски.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе