Пресудата за „27 април“ ќе биде соопштена на 15 март

Претседателката на Судечкиот совет, кој го води случајот познат како  „27 април“, Добрила Кацарска, следното рочиште на кое ќе биде донесена пресуда за обвинетите го закажа за 15 март.

На денешното рочиште обвинетите имаа можност да и реплицираат на обвинителката во предметот Вилма Рускоска за нејзините ставови изнесени вчера на крајот од завршните зборови, кога беа побарани високи казни за 17-те преостанати обвинети во овој процес.

Судскиот процес за настаните во собранието од 27 април 2017 година почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.

На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие ги дадоа завршните зборови пред Судот, по што се очекува Судечкиот совет да ја соопшти пресудата.

Од пред два дена на извршителите во овој процес јавното обвинителство им придодаде и петмина организатори на настаните од 27 април:  Н.Г. , Т.В., М.Ј., С.Р. и Н.Б, кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе