Основен Кривичен суд

Затвор од по 18 години за Левковска и Ѓоргиевски за убиството на Тот

Обвинетите Клементина Левковска, Анџело Ѓоргиевски и Андреј Костовски се огласуваат за виновни за кривично дело убиство со умисла. Основниот кривичен суд вели дека обвинетите Левковска и Ѓоргиевски имале поголем придонес во извршување на кривичното дело. Судот одлучи да го осуди Ѓоргиевски на казна затвор од 18 години, а на иста казна се осудува и Левковска. За третообвинетиот Костовски Судот донесе одлука да му изрече казна затвор од 16 години. 

Обвинителството ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство" од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска. 

Пресудата на првостепениот суд не е правосилна и странките имаат право на жалба во рок од 15 дена до Апелацискиот суд Скопје. 

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе