Прекинат штрајкот во Идризово, затворениците бараат ревизија на „монтираните судски процеси“

Осудените лица од затворот Идризово денеска го прекинаа штрајкот со глад што траеше неколку дена со барање и тие да бидат опфатени со амнестијата која се предлага за осудените лица од 27 април. Информацијата за МКД.мк ја потврди и директорот на затворот Боби Мојсовски.

Директорот на затворот појасни дека осудените лица претходно најавениот штрајк со глад денеска го ставаат во мирување бидејќи постигнале договор тој да им ги пренесе барањата до Владата на Република Македонија, до премиерот и до собраниското тело за помирување. Осудените лица бараат сеопшта амнестија за сите кривични дела за кои е дозволено со Уставот на Република Македонија, да се смени статусот на осудените лица на доживотен затвор и казните да се преиначат во бројки. Осудениците бараат ревизија на сите кривични дела за кои сметаат дека се монтирани процеси и за странските осудени лица да се регулира статусот како во нормите предводени во европското право.

Осудениците во најголемиот затвор во Македонија во понеделникот почнаа штрајк со глад и ја одбиваа затворската храна. Првиот ден бројката беше 600 осуденици, следниот околу 320, а двчера таа бројка се намали на 270 осудени лица што штрајкуваа со глад.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе