За претпладнево е закажана седница на оваа собраниска комисија на чиј дневен ред е утврдување на предлозите.
Седницата на собраниската комисија е закажана вчера од новата претседателка Марија Ѓорѓиевска. Уставниот суд неколку месеци е речиси блокиран и работи само со четворица судии. Претседателката Добрила Кацарска повеќе пати апелираше до Собранието да избере судии, а неколкупати поради немање доволно мнозинство се одложи и гласањето за некои иницијативи.