Реакција

Правда за штедачи од Еуростандард: Се подготвува уште еден грабеж – сега со помош на судските власти

Апелацискиот суд Скопје невешто се обидува да се сокрие зад законски и деловнички одредби, во стилот „с ѐ е според законот". Судскиот Совет реагираше дека постапувањето на советот од Апелацискиот суд Скопје ќе биде проверен, особено како тоа се случило само за еден ден да биде донесена одлука по многу обемен и сложен предмет. Ајде да видиме, можеби конечно нешто ќе почне да се движи. И тоа по допрен глас и по службена должност, се вели во денешното соопштение на здружението на оштетени физички и правни лица Правда за штедачи по нивната реакција за „еднодневната" одлука советот на Апелацискиот суд Скопје од 23 септември 2021 година.

„Во меѓувреме, вчера поднесовме ново барање до Основниот граѓански суд Скопје, со кое бараме како претходно правно прашање судот да донесе решение со кое ќе ја запре од извршување шемата на утврдени побарувања во делот на исплатниот ред на Фондот (согласно член 80 од Деловникот на Уставниот суд), со  решение судот  да го дефинира исплатниот ред на Фондот за осигурување на депозити во стечајната постапка и да го задолжи стечајниот управник да го утврди новиот редослед во шемата, предизвикан со спроведување на одлуката на Уставниот суд од 25 мај 2021 година.  Со укинување на членот 163 став 3 од Законот за банки од страна на Уставниот суд , Фондот ја загуби активната легитимација во стечајната постапка како и исплатниот ред во стечајната постапка. Основниот граѓански суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје донесоа одлуки со кои на Фондот за осигурување на депозити му обезбедија активна легитимација во стечајната постапка со измислена (импровизирана) законска одредба за посебна (sui generis) законска суброгација која одредба не постои во ниту еден закон во нашето законодавство. И воедно, утврдија дека правниот основ од каде Фондот има право да наплаќа од стечајната постапка ја црпи од Статутот на Фондот. Еве што пишува во одлуката ТСЖ.бр 1554/21 од 23.10.2021 на Апелацискиот суд: „Исто така судот правилно примил за утврдено дека по укинување на одредбата од член 163 став 3 од Законот за банки од страна на Уставниот суд на РСМ, одредбата од член 17 од Статутот на Фондот е правниот основ по кој Фондот го наплатува износот од средствата исплатени врз основа на член 13 од овој статут, од приливот на средства од ликвидационата, односно стечајната маса на членка која била водена ликвидациона односно стечајна постапка”.

Основниот граѓански суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје не само што во одлуките креирале непозната законска одредба наречена посебна (sui generis) законска суброгација, туку и двата суда воопшто не се изјасниле каде е содржана таа законска одредба и во кој закон, иако тоа прашање стриктно беше напишано во жалбата, наведувајќи дека пресудата на Основниот граѓански суд Скопје е нејасна и неразбирлива.

Дури и за обичниот граѓанин е познато што регулира статут на еден правен субјект, но  судиите од Основниот и Апелацискиот суд Скопје, утврдиле дека со подзаконски акт односно статут, правниот субјект може да  стекне права кон трети лица.  Да се биде доверител во стечајна постапка врз основа на статут значи токму тоа, врз основа на подзаконски акт да се стекнуваат права во однос кон трети лица.

Поради уникатните одлуки на Основниот и Апелацискиот суд Скопје, предупредуваме дека преку незаконито водење на стечајната постапка, депозитите на доверителите - физички и правни лица повторно ќе бидат ограбени. Грабежот ќе биде под директна палка на судските власти, се разбира, доколку се овозможи докрај да продолжи неодговорното и противправно постапување во понатамошниот тек на стечајот.

Јавноста мора да знае дека Фондот за осигурување на депозити наплаќа годишна премија од банки и штедилници за осигурување на депозитите на депоненти - физички лица до 30.000 евра и при ризичен настан, согласно Закон, Фондот има обврска да исплати на осигурениците до 30.000 евра. Во Законот за Фонд за осигурување, нема одредба со која му е овозможено Фондот да наплаќа од стечајната маса.

Бидејќи Основниот и Апелацискиот суд во нивните одлуки не утврдија во кој закон е предвидена посебна (sui generis) законска суброгација, укажуваме дека во Законот за облигациски односи постојат договорна и законска суброгација, но не и измислена (импровизирана) одредба посебна (sui generis) законска суброгација, која правниот основ го црпи од Статутот на Фондот.

Се сомневаме дека и овој пат по барањето поднесено од група на доверители, доставено во суд на 13 октомври 2021 година, Основниот граѓански суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје ќе бидат пристрасни при одлучувањето и носење на конечна одлука, на штета на граѓаните и фирмите. Поради тоа, јавно го повикуваме Судскиот совет да го следи судскиот предмет СТ. 123/20 на Основниот граѓански суд Скопје по кој е поднесено барање до Основниот суд од 13.10.2021 година, за утврдување на нов исплатен ред на Фондот во стечајната постапка. Бидејќи и овој пат судовите можат да донесат решение врз основа на импровизација место да применат законски одредби, и тоа на штета на граѓаните и фирмите доверители. Но, овој пат се надеваме дека Судскиот совет сето тоа будно ќе го следи, за да не се случи Основниот и Апелацискиот суд повторно да искреираат некоја нова „посебна (sui generis) законска суброгација”, непозната за правната фела во државата“, предупредуваат од здружението Правда за штедачи.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе