За настаните од 27 април

Пратеникот Сашо Василевски излегува од куќен притвор со понудена гаранција

На пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски, кој е обвинет во настаните од 27 април му се укинува мерката куќен притвор и тој ќе се брани од слобода со гаранција, потврдуваат од Основниот суд Скопје 1.

На Василевски му се определуваат мерки за претпазливост односно обврска да се јавува кај овластено службено лица, како и привремено одземање на патната исправа.

„Кривичниот совет на одделението за Организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната С.В., обвинет во предметот КОК бр. 40/18 поврзан со настаните од 27.04.2017 година во Собранието на Р.М., по претходно дадено позитивно мислење од надлежното обвинителство, донесе решение со кое ја уважи понудената гаранција во недвижен имот и ја укина мерката куќен притвор, а заради обезбедување присуство во текот на постапката му определи мерки за претпазливост и тоа Обврска на обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Охрид и привремено одземање на патната исправа како и забрана за издавање нова", се вели во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе