Собрание

Пратениците на 11 декември ќе решаваат дали обвинителот Јовески ќе биде овластен потписник за СЈО

Предложените измени во Законот за јавнообвинителската служба, со кои ингеренциите врз Специјалното јавно обвинителство ќе ги има државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, во Собранието ќе се разгледуваат на 11 декември, среда.

Со овие измени се предвидува Јовески да може да ги потпишува налозите за сите трошоци на СЈО, за неисплатените плати на вработените, а ќе има и надлежност врз истражителите во оваа институција.

„За сите прашања кои се однесуваат на работниот однос на јавнообвинителските сужбеници и лицата вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите кои вршат технички и помошни работи одлучува Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите или Јавниот обвинител на Република Северна Македонија доколку нема избрано Јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите“, стои во предлог-законот.

Измените не предвидуваат дали државниот јавен обвинител ќе има ингеренции и за документацијата во СЈО. Неодамна ревизорите кои влегле во СЈО за проверка на исплатата на бонусите и додатоците за доверливост не можеле да земат документи без овластен потписник на институцијата.

Вработените во СЈО веќе три месеци не земале плата, од пред два дена службените мобилни им се исклучени поради неплатени сметки, не се платени сметките за струја, парно, вода...

На 14 септември специјалната обвинителка Катица Јанева, обвинета во „Рекет“, беше разрешена, а од 15 септември обвинителите преминаа во Основното јавно обвинителство.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе