Уставен суд

Пратениците да го почитуваат Уставот и да се изберат уставни судии, порача Кацарска

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска повтори дека состојбата во Судот е алармантна, затоа што веќе неколку месеци е доведено во прашање носењето на одлуки поради некомплетниот состав и им порача на пратениците да го почитуваат Уставот и да изберат четири уставни судии. Кацарска нема одговор од претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери на нејзините писма и „го знае само тоа што го знае јавноста преку медиумите“. Таа укажува дека се зголемува бројот на предмети кои треба да се решаваат.

„Сега веќе се работи за голем број предмети. Секако дека бројката преку 30 предмети и состојбата во Уставниот суд веќе е алармантна. Токму во оваа ситуација би сакала само да наведам дека јас верувам оти пратениците го познаваат Уставот, верувам дека ја знаат содржината на член 51 став 2 од Уставот согласно која секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Токму затоа би им порачала на пратениците – почитувајте го Уставот“, рече Кацарска одговарајќи на новинарско прашање пред настанот по повод 30 години Царинска Управа и Денот на Царината.

На прашањето дали има добиено одговор на писмата што ги упати до собранискиот спикер Талат Џафери во кои бара да се изнајде начин да се изберат четворицата судии и да се комплетира Судот, Кацарска одговори дека нема никаква информација и дека тоа што го знае јавноста го знае и таа.

„Уставниот суд вчера ја одржа дванаесеттата седница за годинава, на која присуствуваа сите вкупно пет судии. На дневен ред беа ставени три иницијативи и едно барање за заштита на слободите и правата на граѓанин, но за ниту една од точките не се донесе одлука/решение, поради недоволното мнозинство на гласови. Ова е прва седница на Судот на која не се донесе ниту една одлука или решение од точките предвидени на дневен ред“, соопштија од Уставниот суд.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе