Основен кривичен суд Скопје 1

Пратеници ќе сведочат на судењето за обвинетите организатори за „27 април“

Со сослушување на пратеници кои биле дел од претходниот собраниски состав, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето за осомничените организатори на настаните од 27 април 2017 година во Собранието.

На предлог на одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, на денешното рочиште треба да бидат сослушани пратениците Илија Димовски, Зоран Илиоски, Лилјана Кузмановска, Благој Деспотовски, Слаѓана Митовска и Весна Пемова.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста".

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе