По 2,5 години

Поротник дал отказ, „Тортура“ се враќа на почеток

По 2,5 години судскиот процес за случајот кој го отвори СЈО „Тортура“ се враќа на почеток откако поротник во советот дал отказ, а во судница денеска не се појави ни судијката Александра Ристеска. Нејзиното отсуство е образложено со здравствени причини, но засега не се знае зошто се повлекол поротникот. Тоа значи дека судењето по речиси две години почнува од почеток со целосно сослушување на сите сведоци досега.

Предметот „Тортура“ сега го води Основното јавно обвинителство Скопје. ОЈО Скопје, а истрагата и обвинението ги покрена почна СЈО, кое до неодамна го застапуваше случајот и во судница. Обвинетите се гонат за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Во „Тортура“ обвинет е поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, а заедно со него обвинети се и поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата.

Првото рочиште за предметот се одржа на 28 февруари 2018 година, а досега беа сослушани десетина сведоци. Следното рочиште е закажано за 22 октомври.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе