Со државниот јавен обвинител Јовески

Поранешните вработени на СЈО потпишуваат вонсудска спогодба за заостанатите плати

Во Јавното обвинителство на Македонија од утрово поранешни службеници на згаснатото Специјално јавно обвинителство потпишуваат вонсудска спогодба со главниот обвинител Љубомир Јовески со што треба да се овозможи преку сметката на државното обвинителството овие поранешни вработени да ги добијат платите за април, мај и јуни.

Оваа вонсудска спогодба предвидува поранешните службеници на СЈО кои поднеле тужби поради трите неисплатени плати тужбите да ги повлечат и да се откажат од камати или какви било други надоместоци и трошоци од судската или каква било друга постапка. Обврската што ја презеде главниот државен обвинител Јовески произлегува од препораката на Владата донесена на 12-ти овој месец овој проблем да го преземе државниот обвинител.

Според владините заклучоци, тие што нема да се откажат по судски пат да ги добијат платите, како и каматите од нив, односно тие што нема да ја потпишат спогодбата, обвинителот Јовески за тоа треба да го извести Државниот правобранител кој потоа ќе ја застапува државата пред суд.

Тие службенци пак, кои ја потпишале спогодбата своите плати ќе ги добијат од трезорската сметка на Државното обвинителство, во која вкупно за платите се префрлени пари во денарска противредност од околу 217 илјади евра.

Од државното обвителство велат дека платите ќе бидат исплатено до крајот на годината бидејќи спогодбата има својство на извршна исправа.

Дел од поранешните вработени на СЈО кои веќе имаат поднесено тужби, а кои се во помал број од нешто повеќе од вкупно 60 оштетени службеници, велат дека текстот на спогодбата претставува класична уцена, затоа што на нивни грб, доколку потпишат, ќе паднат веќе платените трошоци за судските такси и за вештачењето, како и очекуваните камати во еден извесен судски процес имајќи предвид дека уставно и законско е правото на плата.

Инаку, Владата пред неколку месеци донесе уредба за исплата на заостанатиот долг кон службениците, но Уставниот суд тогаш ја поништи уредбата со образложение дека таа не може да се поврзе со вонредната состојба и пандемспијата.

Владините уредби и препораки, како и вонсудската спогодба не се однесува на десетте јавни обвинители на СЈО, на кои со згаснувањето на институцијата работниот однос само им беше трансфериран со нивно враќање во матичните обвинителства, но и продолжија да ги работат веќе започнатите предмети од истите канцеларии во зградата на Специјалното обвинителство.

На 30 јуни, со денот на згаснувањето на СЈО по сила на новиот Закон за јавното обвинителство, јавнообвинителските службеници и другиот кадар останаа на улица без работа, бидејќи за разлика од Законот за специјалното обвинителство, новиот Закон за јавното обвинителство не предвиде нивно распоредување во другите обвинителства на соодветни работни места.

До тој датум, овие службеници редовно одеа на работа, иако по притворот и обвинението против специјалната обвинителка Катица Јанева во втората половина од минатата година СЈО остана и без шеф и без официјален потписник. На работните места останаа и без струја, интернет, телефонска врска и без греење, а платите кои станаа проблем ги бараа по пат на присилно извршување.

A.Д.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе