За неовластено влегување во компјутерски систем

Експратеник Јосифовски доби кривична пријава, полицијата влезе во неговиот дом

МВР поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник од редовите на НСДП Љубомир Јосифовски. Како што соопштуваат од полицијата, пријавата е поднесена за кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем", по собирање на материјални докази и претрес во неговиот дом. 

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Бирото за јавна безбедност при МВР по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија и консултација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, го лиши од слобода Љ. Ј. (46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем".

Во координација со судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР извршија претрес во дом во Скопје.

По обезбедување на материјални докази и комплетирање на постапката, против Љ. Ј. ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем", предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РСМ.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе