Поранешниот министер за правда, Беџети, не потпишувал екстрадиција на обвинети во „Монструм”

Поранешниот министер за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да ја потпише екстрадицијата за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири.

Како што се слушна денеска во судница, во прислушуваниот разговор од 14 март 2013 година, Љупчо Тодоровски-Радникот го прашува Сашо Мијалков: „Како да му напраиме притисок на овој?“, а тој возвраќа со прашање: „Јавно кажал или не?“. Тодоровски објаснува дека Билјана Бришковска-Бошкоски му ги дала документите за екстрадиција, но тој уште не потпишувал, што според Мијалков, „ако тоа е така, тогаш тоа е злоупотреба на функцијата”.

Во друг телефонски разговор од 2013 година Блерим Беџети на телефонски повик ѝ одговара на Јанкулоска дека барањето за екстрадиција ќе го пушти следниот ден до властите во Приштина. Јанкулоска му вели дека притисокот на јавноста е огромен и дека новинарите секој ден се интересираат за случајот.

„Сеа најдругарски збориме, може вие калкулирате и за изборите“, вели Јанкулоска, а Беџети ѝ одговара дека е добро пред изборите да нема судско рочиште за предметот, а тој ќе го пушти барањето за екстрадиција.

Во другите разговори Јанкулоска разговара со министерот за внатрешни работи на Косово, Бајрам Беџети, да му заблагодари што ги пронашле лицата обвинети за „Монструм“. Сашо Мијалков, пак, разговара со Драган Павловиќ-Латас за да го извести дека двајцата обвинети за „Монструм“ се уапсени во Косово и дека има ексклузивна вест.

Во судот денеска беа пуштени 25 бомби. Следните рочишта за „Монструм“ се закажни за 4 и 10 октомври.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе