Поранешниот еврокомесар Фигел барал помош од Вархеји за да добие дозвола да го посети Камчев

Поранешниот еврокомесар и специјален пратеник за човекови права, Јан Фигел, денеска успеал да добие дозвола за посета на ќелијата на бизнисменот Јордан Камчев во затворот во Штука откако зборувал со министерот за правда Бојан Маричиќ, а потоа и со комесарот за проширување Оливер Вархеји, кој денеска беше во Скопје. 

Фигел решил да разговара со двајцата високи функционери откако затворската управа претходно не му дозволила да влезе во затворот Скопје, ни потврдија од одбраната на Камчев. 

Јан Фигел

Според претставник на одбараната, од Кривичниот суд било побарано поранешниот еврокомесар и специјален пратеник за човекови права Јан Фигел да влезе во затворот и да ја посети и ќелијата во која е сместен Камчев и да се запознае со случајот кој отвора многу прашања за владеење на правото и правдата во Македонија.

Фигле прво, наводно бил одбиен без конкретно образложение, „со конфузен одговор на неговото барање од страна на судијата Илија Трпков и со нејасни објаснувања од страна на одговорните лица пред вратите на КПУ Скопје”. Фигел, заедно со адвокатот на Камчев, Тони Менкиноски не добиле образложение зошто неговото барање за посета е одбиено и зошто, како што вели тој во неговата изјава, имало пинг-понг меѓу институциите во државата.

Фигел, кој претходно работел на случаи со политички затвореници во Иран, Куба, Судан и Пакистан, ќе го мониторира и случајот на Камчев.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе