Финансиска полиција

Поранешна членка на Управниот одбор го оштетила МЕПСО за 360 илјади евра

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешен член на Управниот одбор на АД МЕПСО за несовесно работење во службата, бидејќи како одговорен проект менаџер потпишала и потврдила прием и имплементација, а со тоа и овозможила плаќање на Бизнис информациски систем, набавен од Конзорциум кинг ИЦТ ДООЕЛ Скопје и Кинг ИЦТ ДООЕЛ Загреб, иако испорачаниот систем не бил функционален и со тоа го оштетила буџетот на АД МЕПСО за износ од 22.215.675 денари.

Кривичната пријава против лицето К. Г. – член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од 24 јуни 2009 до 17 февруари 2016 година е поднесена до Основното јавно обвинителсво Скопје на ден 18 јануари 2021 година.

„Пријавената К.Г., во својство на одговорен проект менаџер за Пакет 14 – Набавка и имплементација на компјутеризиран деловен информациски систем (БИС) финансиран од заемот на Светска банка – ECSSE APL – 3 Macedonian project, во 2016 година, несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности, на начин што потпишала и потврдила прием и имплементација и овозможила плаќање на Бизнис информациски систем, набавен од Конзорциум кинг ИЦТ ДООЕЛ Скопје и Кинг ИЦТ ДООЕЛ Загреб, иако испорачаниот систем не бил функционален, односно не бил изработен согласно техничките спецификации, одделни модули давале погрешни податоци и извештаи, договорените и платени продукциски лиценци никогаш не биле инсталирани, ниту пак во гарантниот период презела соодветни мерки и дејствија со кои би се исправиле сите недостатоци и купениот софтвер би се интегрирал целосно согласно договорените спецификации и на тој начин го оштетила буџетот на АД МЕПСО за износ од 22.215.675,00 денари“, информираат денеска од Управата за финансиска полиција.

Лицето К.Г. со сомничи за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ од член 353-в ст.3 од Кривичниот Законик.

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе