Поранешен градоначалник на Чашка обвинет дека ѝ нанел штета на општината од 1,3 милиони денари

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против поранешен градоначалник на Општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик.

Обвинетиот како градоначалник на општина Чашка ја искористил својата службена положба и овластување и предизвикал значителна имотна штета на општината во висина од 1.357.826 денари.

„Обвинетиот на 17.12.2015 година во име на општината склучил договор со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој,  за исплата и користење на средства во висина од 14.486.226 денари од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2015, наменети за реконструкција на делницата од локалниот пат с.Мокрени – место викано Теовски уши. Вкупниот потребен износ средства за реконструкција на патот биле 17.093.747 денари со вклучен ДДВ кој паѓал на товар на општината. Потоа, на 10.12.2015 година обвинетиот во име на општината, по спроведена постапка, склучил Договор за јавна набавка на работи со ГД Изгрев инженеринг ДООЕЛ Велес и извршил уплата на авансни средства во висина од 2.897.245 денари кои претходно Агенцијата ги исплатила на општината.

Откако изведувачот ги завршил градежните работи и доставил завршна ситуација на градбата, обвинетиот како градоначалник на општината бил должен да изврши уплата на целиот долг. Но, иако согласно одредбите од договорот со Агенцијата, било забрането општината како корисник на средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој да врши нивна пренамена, обвинетиот од доделените наменски средства за реконструкција на патот уплатил 5.777.855 на изведувачот, а останатите средства во висина од 5.315.369 денари ги искористил за подмирување на други тековни обврски на општината.

Поради ненаплатениот износ за извршените работи во висина од 8.418.288 денари со вклучен ДДВ, изведувачот повел постапка за присилна наплата на побарувањето. Во текот на извршната постапка, покрај основниот долг, биле наплатени  и трошоци за извршување, за адвокатски услуги и за камата за задоцнето плаќање, за кои заклучно со 25.4.2018 година од сметката на општината биле повлечени средства во износ од вкупно 1.357.826 денари, за кои општината е оштетена“, информираат од Обвинителството.

 

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе