Назначен е нов обвинител

Поради приватни причини обвинителката Гаџовска се повлече од предметот за малата Тамара

Обвинителката Наташа Гаџовска нема повеќе да постапува во предметот за смртта на малата Тамара, а нејзиното барање за изземање до судот е поради приватни причини, потврдуваат од Обвинителството за МКД.мк. Од таму додаваат дека за да нема одложување, за обвинител во овој предмет веќе е назначен обвинителот Анел Фидовски кој ќе продолжи да постапува во оваа постапка.

„Ве известуваме дека јавниот обвинител кој постапува во предметот ценеше дека постои законска пречка за нејзино понатамошно постапување во предметот поради нови околности кои настапија во периодот од претходната до денешната главна расправа. Од тие причини е доставено барањето за изземање. По прифаќање на барањето за изземање, ќе биде назначен друг јавен обвинител од ОЈО Скопје, а постапката ќе продолжи натаму со вообичаен тек", информираа вчера од ОЈО.

На местото на Гаџовска која побара да би изземена веќе е назначен нов обвинител.

Бидејќи се работи за приватни причини поради заштита на приватноста Обвинителството не е во можност да сподели со јавноста повеќе детали за повлекувањето на обвинителката.

Во оваа постапка 12 лица се обвинети за несовесно работење во служба.

Меѓу нив не е тогашниот министер за здравство Никола Тодоров. Малата Тамара почина во 2015 чекајќи операција на 'рбетот.

К.Д.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе