Поради отсуство на судијката одложено е судењето за убиството на Саздо

Судењето против трето обвинетиот за убиството на Никола Саздовски, Јетон Љужа, кој беше во бегство, а од пред неколку месеци е екстрадиран од Германија, е одложено за 2 април. Денешното рочиште не се одржа поради отсуство на судијката Фанка Јанчулева Михаиловска. За денес беше предвидено да се сослуша обвинетиот Љужа. 

Случајот се наоѓа во доказна постапка и на следното рочиште треба да бидат сослушани еден сведок и едно вешто лице.

За убиството на дваесетгодишниот Саздовски Кривичниот суд Скопје, во април 2019 година ги осуди Бесир Беља и Скендер Демири, на по 19 години затвор.

Апелацискиот суд делумно ги прифати жалбите на Бења и Демири и им ги намали казните од 19 на 16 години затвор., поради тоа што биле млади лица. 

Според пресудата за Беља и Демири, обвинетите кои дејствувале заедно, се виновни затоа што на свиреп начин го лишиле од живот Никола Саздовски.

Тие на 29 јуни 2018 година на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта.

Откако оштетениот им ја покажал личната карта, обвинетите неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе