Поради отсуство на обвинета се одложи судењето за ТНТ

Основниот кривичен суд го одложи рочиштето за случајот ТНТ, што се води за бесправно рушење на комплексот „Космос“, а причината беше тоа што една од обвинетите имала здравствени проблеми и била спречена да присустува на рочиштето. На денешното рочиште требаше да бидат сослушани тројца сведоци, а адвоктот Мерџан Даути требаше да добие превод. 

На претходното рочиште адвокатот Даути побара од судот на албански јазик да се преведе целиот предмет за случајот ТНТ, а судијата Огнен Ставрев ја информираше јавноста дека испратил известување до Адвокатската комора со барање за дисциплинска постапка, бидејќи според него адвокатот сакал само одолговлекување на постапката.

Одлуката на судијата Ставрев е дека нема да се одолговлекува постапката, односно судењето ќе продолжи каде што застанало, а адвокатот ќе добие превод. 

За уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос" на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос" на Фијат Цаноски. 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе