Барање до Апелацискиот суд Скопје

Поради коронавирусот да се одложат закажаните јавни седници за „27 април“ бараат адвокатите

Адвокати вклучени во првата постапка за 27 април која заврши во првостепена пресуда, а за која се закажани јавни седници на 18, 19 и 20 март во Апелацискиот суд во Скопје, побараа одложување поради состојбата со коронавирусот.

Адвокатката Ружица Николовска на Фејсбук напиша дека со оглед на бројката присутни лица кои би дошле на овие седници, тоа би биле околу 100 или повеќе од 100 лица.

„Закажана е јавна седница во Апелациониот суд Скопје, по предметот познат како ,,27 април,, . Имајќи го предвид бројот на обвинети, нивните бранители (адвокати), членови на семејствата на обвинетите кои би присуствувале, припадници на затворската полиција како и новинарите кои би биле присутни, бројката на присутно луѓе во една просторија би достигнала околу или над 100-тина. Со оглед на настаната ситуација со коронавирусот и препораките за спречување на ширење на вирусот, основано се поставува прашањето кој ќе гарантира за здравјето и безбедноста на сите присутни, судот? Моментално, во затворските установи каде се наоѓаат обвинетите, не се дозволени посети за семејствата, токму како дел од мерките. Во предвидената судска сала за одржување на јавната седница, не постои можност за секое лице да биде оддалечено едно од друго на растојание од најмалку 1метар. До овој момент, нема официјално соопштение од Апелациониот суд Скопје за одложување на закажаната јавна седница", напиша адвокатката Николовска на Фејсбук.

Според неа, при вакви услови, односно скоро вонредна состојба, неопходно е да се одложи закажаната јавна седница.

И адвокатката Павлина Зефиќ порача дека јавен интерес не е да се продолжи со судењата, јавен интерес во моментов е да има што помал број на заболени од коронавирусот. 

„Не ги изложувајте адвокатите, јавните обвинители, судиите и цела судска администрација на ризик, наредете веднаш да се применува оваа мерка и во правосудниот систем. Партиите треба да си најдат ново поле за политичка битка, зошто граѓаните во моментот не се гладни за евтини претстави во судници. Кампањата ќе мора да ја пренасочите на друго ниво, зошто здравјето ни е поважно од се“, напиша Зефиќ на Фејсбук. 

Одложување на сите судски рочишта, освен итните постапки, предметите со времени мерки и притворските предмети, побара и Адвокатската комора поради состојбата со коронавирусот.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе